Манила

Светската популација надмина осум милијарди луѓе

15.11.2022 12:06

Бебе родено во Манила, на Филипините стана осуммилијардитиот жител на Земјата...

Светската популација надмина осум милијарди луѓе. Бебе родено во Манила, на Филипините стана осуммилијардитиот жител на Земјата. Во моментов Индија е побројна за околу 180 милиони луѓе и следната година би требало да ја надмине Кина како најнаселена земја во светот.

Од друга страна, наталитетот постојано се намалува во САД, Европа и Јапонија, но и во Кина, која се бори со последиците од својата програма „Политика на едно дете“, а минатата година ги повика семејствата да имаат второ, па дури и трето дете.