Лоренс Бон ќе донесе порака за пријателство и поддршка за европската перспектива на Северна Македонија
Францускиот државен секретар на министерот за Европа и надворешни работи, Лоренс Бон за време на посетата на Албанија и Северна Македонија ќе донесе порака за пријателство и поддршка за европската перспектива. Таа ќе ги посети Албанија и Северна Македонија од 14-ти до 16-ти ноември, потврди со официјално коминике Кеј Д’Орсеј…

Оваа посета на Лоренс Бон, надлежна за Европа во министерството за Европа и надворешни работи е резултат на резултатите добиени од Франција за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија, со цел отворање на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, се нагласува во Париз.
Лоренс Бон при посетата на Скопје ќе се сретне со македонскиот претседател и премиер, како и со неколку министри и парламентарци од Националниот совет за европска интеграција на Северна Македонија.
Според неа, посетата на Скопје и Тирана е продолжување на активностите на францускиот претседател Емануел Макрон и на високиот претставник на ЕУ Жозеф Борел за смирување на тензиите во регионот.
„Вие знаете дека е многу важно да се бранат реформите во областа на правната држава, во овие земји и тоа ќе биде за мене прилика да инсистирам на истите“, рече Бон.
Државниот секретар за време на посетата ќе пренеси порака за пријателство и поддршка за европската перспектива на секоја од овие две држави, истакнувајќи ги чекорите што треба да се преземат. Таа, исто така, ќе разговара за проектите за соработка кои најверојатно ќе се развијат, вклучително и во рамките на Европската политичка заедница, за да можат Албанија и Северна Македонија да ги искористат конкретните придобивки од напорите што ги направија.
Планирани се и размени со претставници на граѓанското општество, особено со млади луѓе, како и тинк тенкови за продлабочување на дијалогот околу историските, културните и општествените прашања.
Тони Гламчевски
