Кривичен суд
Започна судењето за „Беса транс“
15.11.2022 12:46
Во случајот обвинети се сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиуи, едно правно лице за фалсификувањето на лиценцата за превоз на автобусот што изгоре во Бугарија.

Во скопскиот Кривичен суд почна судењето за случајот „Беса транс“, компанијата во чиј автобус во ноември минатата година во несреќа загинаа 45 македонски државјани.
Во случајот обвинети се сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиуи, едно правно лице за фалсификувањето на лиценцата за превоз на автобусот што изгоре во Бугарија.
Првото рочиште беше одложено поради налогот на судот којшто му наложи на обвинетиот Хаџиу да ополномошти вработен во фирмата за да го застапува правното лице на наредните судења.
