Политика

Ковачевски: Националните да се стават пред личните и партиските интереси

15.11.2022 12:52

Премиерот Ковачевски повторно побара поддршка за изгласување на уставните измени во Собранието. Да не дозволиме изолација на земјава, рече Ковачевски. Повика- националните да се стават пред личните и партиските интереси. Опозицијата мора да биде јасна, доколку не се согласува со овој начин, мора да предложи нивен став, посочи европратеничката Гарсија- Перез, која е во посета на земјава...

Националните да се стават пред личните и партиските интереси- повика премиерот Ковачевски. Побара поддршка за уставните измени за да не се дозволи изолација на земјава. Според него, само од нас зависи напредокот по евроинтгративниот пат, но посочи и оти реформите нема да завршат тука, бидејќи ќе следат уште многу тешки одлуки.

Опозицијата мора да биде јасна, ако не се согласувате со овој начин, мора да предложите ваш став, посочи европратеничката Гарсија- Перез, којашто пристигна во посета на земјава. Но, таа не можеше да даде гаранција дека уставните измени ќе бидат последно барање на Бугарија, бидејќи никој не може да зборува за идните потези на официјална Софија.

Последната лидерска заврши без договор. Власта и опозицијата и натаму на своите почетни позиции. ВМРО-ДПМНЕ и Левица не поддржуваат отворање на Уставот. Партиите од албанскиот блок се согласуваат за уставни измени, како единствено решение за европскиот пат. Единствено БЕСА со услов-албанскиот, втор службен јазик, заедно со внесување на Бугарите во преамбулата.

 

Марина Стојанова Тонева