Доњецк ќе одлучува за независност на 11 мај

26.04.2014 19:38

Референдумското прашање ќе гласи: „Дали го одобрувате прогласувањето на независноста на Народната Република Доњецк“...

Референдумот за независност на регионот Доњецк ќе се одржи на 11 мај, изјави лидерот на оваа самопрогласена република во источна Украина, Денис Пушиљин. 
 
Тој истакна дека референдумското прашање ќе гласи: „Дали го одобрувате прогласувањето на независноста на Народната Република Доњецк“. 
 
„По референдумот ќе бидат одржани избори на кои ќе се одлучи, кој ќе го води регионот, а потоа нашата Народна Република Доњецк ќе може да почне повторно да функционира“, изјави Пушиљин во седиштето на регионалната самоуправа, кое на 6 април беше заземено од проруските демонстранти.
 
Ќе процениме кој договор за нашите односи со остатокот од Украина е најдобар - дали тоа е федерација, конфедерација или независност, додаде тој.
 
Пушиљин изјави дека одржувањето на референдумот е неизбежно и додаде дека парите за тоа се обезбедени.