Аерозагадување

Битола синоќа со рекордна загаденост на воздухот

15.11.2022 13:11

Последниве неколку денови битолчани во континуитет ја чувствуваат аерозагаденоста. Пикот евидентиран синоќа кога на одредени реони концентрацијата на штетните ПМ 2,5 честички беа за десет пати повеќе од дозволеното а вредностите на ПМ 10 честичките беа за шест пати повисоки. Интернет страницата на државните мерни станици деновиве е вон функција, па податоците се добиваат од платформата „Земи Здив“...

Сè уште печките не проработиле со полн капацитет а битолчани веќе ја чувствуваат повисоката аерозагаденост посебно во делови каде доминираат индивидуалните станбени објекти.

Веќе неколку дена државниот интернет портал е вон функција па податоците на десетте мерни станици на платформата „Земи Здив“ покажуваат дека пикот на аерозагадувањето бил синоќа во населбите „Јени Мале“ на битолскиот Баир и централното градско подрачје.

Ака сега е вака што не очекува во најстудените зимски денови загрижено се прашуваат граѓаните.

Лекарите од итната медицинска помош со апел до хронично болните бидејќи се регистрираат и првите повици за оваа проблематика.

Загриженоста присутна и кај еколозите. Лиценцата на мерните станици кој аерозагадувањето го прикажуваат во реално време велат до нова година истекува. За финансиска помош велат се обратиле и до општината која неодамна го промовираше петгодишниот план за справување со аерозагаденоста. За жал досега нема никаков одговор велат од платформата „Земи Здив“.

Стевче Митревски