Сеќавање на загинатите војници од 1991 година
15-ти ноември е ден на сеќавање на загинатите војници од 1991 година, во крвавата дезинтеграција на поранешната држава. Оддана почит пред споменикот „Откинато мајчино крило“...

Пред 31 година во крвавите дејствија што доведоа до распад на поранешна Југославија, служејќи го воениот рок загинаа 54 војници, а 120 беа ранети. 15-ти ноември остана датум на сеќавање на суровите и бесмислени воени дејствија кои оставија завиени во црно десетици семејства. Пред споменикот „Откинато мајчино крило“ во Скопје се пролеаја горки солзи од нивните најблиски.
Пред 16 години го изградивме овој споменик, за да имаме каде да се собереме и да си споменеме за нашите загинати другари, вели Бојан Трпкоски.
Пред споменикот „Откинато мајкино крило“ во спомен на загинувањето на 54-те војници во тогашна СФРЈ, цвеќиња положија семејствата на војниците, како и повеќе здруженија и владини претставници.
Александра Спировска
