Здравство

Потребна е редовна имунизација, миграциите ги вратија заборавените болести

15.11.2022 14:11

Здравствените власти со повик децата редовно да се вакцинираат според пропишаниот календар. Миграциите ги вратија болестите коишто беа искоренети. Сè уште има градови со низок опфат на имунизација…

Миграциите ги враќаат заборавените болести кои со вакцините биле искоренети. Во Шведска не се врши имунизација против туберкулоза, но со бранот мигранти, болеста се раширила. Полиовирусните предизвикувачи на детска парализа пролетва се проширија во Англија и во западно-европските земји. Националниот координатор повика децата да ги примаат вакцините според пропишаниот календар.

Во 2019-та година во Македонија поради низок опфат на имунизација имаше епидемија на морбили. За 6 месеци се вакцинираа 46.000 деца. Несакани реакции не се пријавени.

Министерството за здравство и здравствените установи, кои спроведуваат вакцинација успеаја да го зголемат опфатот. За прва доза, МРП вакцина тој изнесува 70,4%, а за втората доза 80,4%. Опфат под 50% се бележи само во Куманово.

Наташа Јанчиќ Менковски