Успешен „поправен“ за Работнички и Хоризонт
Продолжува првенствената „нишалка“ на аспирантите за титулата. Во 30-то коло одново се кренаа Работнички и Хоризонт. По поразот од пред три дена против Металург, Работнички во Битола го доби дуелот против Пелистер со 2:1 и одново бодовно се издвои на чело на табелата. Хоризонт „пропустот“ од минатото коло дома против Ренова обилно го надополни на „Железарница“.

Продолжува првенствената „нишалка“ на аспирантите за титулата. Во 30-то коло одново се кренаа Работнички и Хоризонт. По поразот од пред три дена против Металург, Работнички во Битола го доби дуелот против Пелистер со 2:1 и одново бодовно се издвои на чело на табелата. Хоризонт „пропустот“ од минатото коло дома против Ренова обилно го надополни на „Железарница“. Турновци со блескава игра во второто полувреме резултатската негатива од првиот дел ја претворија во исклучително вредна победа со 2:1 против Металург , кој не го искористи првиот „шампионски бал“. Вардар со минимални 1:0 го совлада Еуромилк. Ренова, исто така со 1:0 се избори за победа над Брегалница. Шкендија со победнички 3:0 го заврши гостувањето во соседството против Гостивар. И Македонија ЃП беше пресилна во Кичево, совладувајќи го домашниот Напредок со 3:1.
Табела :
1.Работнички 56
2.Хоризонт 54
3.Металург 53
4.Вардар 52
5.Пелистер 51
6.Шкендија 48
7.Брегалница 42
8.Ренова 40
9.Еуромилк 35
10.Македонија ЃП 29
11.Напредок 14
12.Гостивар 14
