Македонија

Законски измени за поголема заштита на медиумските работници, побараа новинарите и снимателите

15.11.2022 16:39

Насилникот приведен, поднесена кривична пријава. Новинарските здруженија бараат целосно расчистување на нападот врз снимателот и законски измени...

Сниматели и новинари изразија незадоволство и остро реагираа на последните напади на новинарската екипа од ТВ 24 вести. Солидаризирајќи се со нив, апелираа до институциите конечно да го решат статусот на медиумските работници така што секој напад врз нив да биде третиран како врз службено лице.

Новинарот Александар Тодески, чиј имот бил цел на напади, посочи дека работата и совеста не им дозволува да прекинат со работа и мора да продолжат и кога се изложени на опасност.

Според ЗНМ ова е аларм дека час поскоро треба да се донесат законските измени за поголема заштита на медиумските работници.

Во земјава зачестија нападите врз новинарските екипи и бројката стигна до 80 случаи, за кои речиси да нема никаква разрешница и казнивост. Политичките чинители ги осудија последните инциденти.

Фиљана Кока