Ковачевски: Не се очекува поскапување на струјата
ЕСМ се пофали дека целосно е исполнет планот за производство на електрична енергија. Пристигнува трансформаторот за третиот блок на РЕК „Битола“, во РЕК „Осломеј“ и во ТЕЦ „Неготино“ се прават ремонти. Директорот Ковачевски се надева, брзо да се префрлат компаниите кои од слободниот влегоа на регулираниот пазар и на тој начин создадоа притисок врз цената. Поскапување од 1-ви јануари не очекува, освен предвиденото враќање на стапката на ДДВ...

Директорот на ЕСМ очекува брзо да префрлање на компаниите кои од слободниот, влегоа на регулираниот пазар и на тој начин создадоа притисок врз цената на струјата...
Раководството на ЕСМ не очекува поскапува на електричната енергија од 1-ви јануари, освен очекуваното зголемување на ДДВ-то на 10 проценти. Компанијата ги прави пресметките за трошоците, коишто до регулаторот ќе ги достави на средината на идниот месец.
Но, притисок врз цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи прават компаниите коишто од слободниот се префрлија на регулираниот пазар. Ковачевски очекува брзо да бидат вратени назад.
Директорот на ЕСМ вели дека производството на електрична енергија е над планираното. Се увезува за да се заштедат мазут и финансиски средства. Во моментов, работењето на ТЕЦ „Неготино“ е неисплатливо. Капацитетот е во ремонт, исто како и РЕК „Осломеј“. Новиот трансформатор за третиот блок на РЕК „Битола“ е на пат за земјава од Турција. Од декември во функција треба да бидат сите капацитети.
Игор Панов
