Свет

Турција најавува прекугранични операции во Сирија против курдските милитанти

15.11.2022 17:57

Тие негираат вмешаност во терористичкиот чин, во кој имаше жртви. Покрај главната осомничена, приведени сè уште педесетина лица...

Турција најавува прекугранични операции во Сирија против курдските милитанти, кои Анкара ги обвини за нападот во Истанбул. Тие негираат вмешаност во терористичкиот чин, во кој имаше жртви.

Покрај главната осомничена, приведени сè уште педесетина лица.

Според грчката полиција, Анкара преку Интерпол испратила сигнал дека осомничено лице побегнало во Бугарија.