Свет

„Српска листа“ ќе ги бојкотира вонредните локални избори во северно Косово

15.11.2022 18:11

Приштина донесе ваква одлука откако градоначалниците поднесоа оставки поради пререгистрација на автомобилите со таблички издадени од Србија. Косовскиот државен врв бара од меѓународните партнери да го набљудуваат гласањето.

„Српска листа“ ќе ги бојкотира вонредните локални избори во северно Косово закажани за 18-ти декември. Приштина донесе ваква одлука откако градоначалниците поднесоа оставки поради пререгистрација на автомобилите со таблички издадени од Србија.

Косовскиот државен врв бара од меѓународните партнери да го набљудуваат гласањето. Еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Борел од состанокот на министри за надворешни работи на ЕУ веќе им доставил план на Белград и Приштина за надминување на кризата.