Фудбал – Прва лига

Работнички најлиску до титулата, Македонија второлигаш!

26.04.2014 20:29

Заплет невообичаен за македонскиот фудбал. И по 30-то прволигашко коло нема многу разбистрување, трката за шампионската титула  и натаму е компликувана со тоа што сега лидерската позиција му остава простор на Работнички да не зависи од никого.

Заплет невообичаен за македонскиот фудбал. И по 30-то прволигашко коло нема многу разбистрување, трката за шампионската титула  и натаму е компликувана со тоа што сега лидерската позиција му остава простор на Работнички да не зависи од никого.

Причина за тоа е победата на Работнички во Битола против Пелистер со 2:1. Тодоровски и Маневски ги однесоа „романтичарите“ на врвот на табелата. За Пелистер којшто со третиот домашен пораз полека заостанува во конкуренцијата за трофејот, голот го постигна Главевски во суидското надополување откако гостите останаа со играч помалку поради исклучувањето на Трајчевски.

Екипата од „Дебар маало“ е осамен лидер бидејќи Металург загуби на „Железарница“ од Турново исто така со 2:1. Иако „металурзите“ поведоа со погодокот на Пеев, напаѓачкиот тандем Чурлинов - Ејупи во второто полувреме на турновци им обезбедија пресврт, шеста победа на гости и второ место на табелата.

Вардар остана во игра за хет – трик шампионскиот трофеј иако се мачеше за триумфот од 1:0 против Еуромилк којшто е се поблиску до втората лига. Стрелец на голот беше Деспотовски.

Во директната пресмерка за опстанок, Ренова славеше со 1:0 против Брегалница со погодокот на Скендери. Штипјани го завршија мечот со девет фудбалери бидејќи „поцрвенеа“ Ѓорески и Божинов.

Залудно Македонија победи кај Напредок со 3:1, сепак ѓорчепетровци ќе се вратат во втората лига затоа што на три кола до крајот се оддалечени 11 бода од сигурната зона. Два гола на Јанчевски, еден на Костовски за Македонија, додека за Напредок во листата на стрелците се запиша Мојсовски

Шкендија се разигра во финишот на првенството и по славјето на гости кај Гостивар со 3:0 е поблиску до горниот дел на табелата отколку до опасното дно кон коешто долго гравитираше. Куртиши, Вручина и Шабани погодија за тетовци.

 

Прва лига  30 коло – резултати:

Пелистер – Работнички         1:2

Металург - Турново               1:2

Вардар – Еуромилк                1:0

Ренова - Брегалница               1:0

Напредок - Македонија Ѓ.П. 1:3

Гостивар – Шкендија             0:3

Табела:

1. Работнички            56

2. Турново                  54       

3. Металург                53

4. Вардар                    52

5. Пелистер                51

6. Шкендија               48

7. Брегалница            42

8. Ренова                    40

9. Еуромилк               35

10. Македонија ЃП    29

11. Мапредок             14

12. Гостивар              14