ЗАПАДЕН БРЕГ

Палестинец усмрти и рани Израелци на Западниот Брег

15.11.2022 18:28

Според израелската војска, Палестинецот првин украл автомобил со кој намерно удрил во друго возило и во човек, а откако почнал да бега бил застрелан од војник. Зачестените израелски рации во палестинските населби ги зголемија тензиите на Западен Брег...

Палестинец усмрти и рани Израелци на Западен Брег. Смртоносниот инцидент од влезот на индустриската зона во населбата Ариел се префрлил на бензиска станица каде со нож биле избодени неколкумина.

Според израелската војска, Палестинецот првин украл автомобил со кој намерно удрил во друго возило и во човек, а откако почнал да бега бил застрелан од војник. Зачестените израелски рации во палестинските населби ги зголемија тензиите на Западен Брег.