Донесен Законот за финансиска поддршка на ранливите категории за справување со енергетската криза
Пратениците од опозицијата рекоа дека ќе го поддржат Предлог-законот, но забележаа дека со него треба да бидат опфатени и други категории на граѓани, а средствата предвидени за непродуктивни трошоци да се прераспределат за антикризните мерки...

Со 70 гласа „за“, ниту еден воздржан или против, Собранието попладнето го усвои Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка, предложен од Министерството за труд и социјална политика.
Пратениците од опозицијата рекоа дека ќе го поддржат Предлог-законот, но забележаа дека со него треба да бидат опфатени и други категории на граѓани, а средствата предвидени за непродуктивни трошоци да се прераспределат за антикризните мерки.
Според предлагачот, целта на законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза.
