ОЈО

Предложен куќен притвор за лицето кое нападна новинарска екипа

15.11.2022 19:54

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 67-годишно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 14-ти ноември, со грубо навредување и грубо насилство ја загрозил сигурноста на снимател од новинарска екипа, додека кај присутните сведоци – новинар и возач на телевизиската екипа предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв. Осомничениот најпрвин упатил погрдни зборови и пцости кон новинарската екипа која снимала прилог, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со лактот во вилицата и нанесувајќи му телесна повреда – набиеница.