Полска

Полскиот премиер свика итен безбедносен состанок, по инцидентот на границата со Украина

15.11.2022 21:47

Во селото Пржеводов во источна Полска, во близина на границата со Украина, попладнево се случила експлозија предизвикана од руски ракети, објави новинската агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на неименуван, висок претставник на америкаското разузнавање. Според АП, во нападот загинале две лица...

Во селото Пржеводов во источна Полска, во близина на границата со Украина, попладнево се случила експлозија предизвикана од руски ракети, објави новинската агенција „Асошиејтед прес“, повикувајќи се на неименуван висок претставник на америкаското разузнавање. Според АП, во нападот загинале две лица.

Полскиот премиер, Матеуш Моравјецки, свика итен состанок на владиниот комитет за национална безбедност и одбрана поради извештаите за смртоносен напад на границата со Украина.

На средбата со министрите е и претседателот Анджеј Дуда, министерот за внатрешни работи и администрација Мариуш Камински, министерот за надворешни работи Збигњев Рау, министерот за правда Збигњев Зиобро, како и командантот на оперативните ограноци на вооружените сили и врховниот командант на полицијата.

Портпаролот на полската влада Пјотр Мулер, ги повика медиумите и јавноста да не објавуваат непотврдени информации.

Засега не е утврдено што точно ја предизвикало експлозијата, како и дали таа е резултат на паднати руски ракети.

По извештајот на агенцијата АП, во кој неименуваниот висок американски претставник рече дека експлозијата е предизвикана од руски ракети, од Пентагон изјавија дека во моментов немаат информации за да го потврдат тоа, но дека „сериозно ги разгледуваат“ извештаите.