Русија демантира: Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската граница
„Пишувањата на полските медиуми и изјавите на официјални лица за наводниот пад на руски ракети врз селото Пржеводов се намерна провокација насочена кон натамошна ескалација“, се вели во соопштението од Москва...

Министерството за одбрана на Русија се огласи во врска со експлозијата во село во Полска, во која загинаа двајца луѓе, а неименуван американски разузнавач во изјава за агенцијата АП, наведе дека се работи за руски ракети.
„Пишувањата на полските медиуми и изјавите на официјални лица за наводниот пад на руски ракети врз селото Пржеводов, се намерна провокација насочена кон натамошна ескалација“, се вели во соопштението од Москва.
„Немаше напади врз цели во близина на украинско-полската државна граница со руско оружје. Остатоците што ги објавија полските медиуми од местото на настанот во Пжевудов, немаат никаква врска со руското оружје“, се вели во соопштението.
