Македонија
Француската државна секретарка за Европа денеска е во Скопје
16.11.2022 08:32
По посетата на Тирана, државната секретарка на Франција, Лоранс Бун, денеска ќе престојува во официјална посета на Скопје каде ќе одржи средби со државниот врв...

По посетата на Тирана, државната секретарка на Франција, Лоранс Бун, денеска ќе престојува во официјална посета на Скопје каде ќе одржи средби со државниот врв.
Таа ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, како и со премиерот Димитар Ковачевски со кого ќе одржат и заедничка прес-конференција во медија-центарот во Владата.
Бун ќе има средби и во Собранието, меѓу кои и со членовите на Националниот совет за евроинтеграции.
