Двојна круна за Форца!
Одбојкарките на Форца волеј кренаа уште еден шампионски пехар. Седми по ред во првенството, со оние шест од купот, вкупно 13-ти во клупските витрини. Младиот состав на Јанта волеј немаше сили ниту во третиот натпревар од финалната серија од разигрувањето.
Само во воведот од првиот сет одбојкарките на Горан Јаневиќ беа рамноправен противник. Низата од 5-0 на Форца по израмнувањето на 11-11 ја направи разликата и го одведе натпреварот во доминација за фаворитот. 25-20 беше во првиот, 25-14 во вториот и 25-18 во третиот сет.

Со убедлива игра вечерва во својата сала, Форца ја врати двојната круна. Лани го загуби финалето во купот откако пет сезони едноподруго беше сопственик на двата домашни пехара. За клубот којшто постои од 2005-та посни беа само првите две години од постоењето. Форца волеј потоа освои 13 од можните 14 трофеи што е доволно илустративно за тоа каков е односот на силите во нашата женска одбојка.