Меѓународната заедница повикува на смиреност
Загриженост и повик за смиреност од меѓународната заедница по падот на рекетите на Полска територија во близина на границата со Украина. Загинаа две лица. Истрагата е во тек. Итен состанок на НАТО. Москва се оградува, нема поврзаност со руско оружје. Белата куќа со став мала е веројатноста проектилот да е истрелан од Русија...

Меѓународната заедница повикува на смиреност откако две ракети паднаа на Полска територија и усмртија две лица. Околностите на инцидентот, вклучително и кој го испукал проектилот и од каде е истрелан, остануваат нејасни. Полскиот претседател Дуда изјави дека имал разговори со сојузниците во НАТО по извештаите за експлозии во селото Пжевудов, во близина на украинската граница. Амбасадорите на НАТО се очекува да се сретнат во среда на барање на Варшава врз основа на членот 4 на алијансата.
„Водев серија меѓународни телефонски разговори, почнувајќи со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, американскиот претседател Џо Бајден, нашиот главен сојузник и најмоќната армија во светот. САД се на наша страна во одбраната на безбедноста на Полска и на целиот Север. Атлантска алијанса. Ова е за мене, како претседател на Полска, главното прашање. Ги слушнав истите зборови од премиерот на Велика Британија, Германија“, изјави Анджеј Дуда, претседател на Полска.
Итна вонредна седница со лидерите на Г-20 беше одржана во Бали, Индонезија за експлозиите во Полска. Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден свикал итен состанок и на лидерите на Г-7.
„Се согласивме да ја поддржиме истрагата на Полска за експлозијата во близина на украинската граница и ве уверувам дека ќе откриеме што точно се случило. Потоа ќе го одредиме колективно нашиот следен чекор додека истражуваме. Разговаравме и за најновиот наплив на руски проектили“, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги осуди руските напади врз Украина и понуди целосна помош на Полска во тековната истрага за експлозијата.
„Нудиме целосна поддршка на Полска и помош во тековната истрага. Ќе останеме во близок контакт со нашите партнери на следните чекори“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
Турскиот претседател Ердоган рече дека Русија нема никаква врска со експлозијата во Полска.
„Русија изјави дека овој инцидент нема никаква врска со нив и оваа изјава е важна. Мислам дека ова исто така покажува дека ова нема никаква врска со Русија. Можеби ова е техничка грешка или некое друго објаснување“, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција.
Руската мисија во Обединетите нации ги повтори претходните негирања на Москва за вмешаност во експлозијата во Полска и потврди, без да обезбеди докази или конкретно да именува која било страна, дека инцидентот е обид да се вовлече НАТО директно во војната во Украина.
Маријана Димовска
