Македонија

Нови дојави за поставени бомби во средни училишта во Скопје

16.11.2022 10:25

Утрово во дел од скопските училишта повторно се испратени мејлови со закана за поставени бомби. Учениците се извадени надвор од клупите. Во тек се проверки...

Утрово во дел од скопските училишта повторно се испратени мејлови со закана за поставени бомби. Учениците се извадени надвор од клупите. Во тек се проверки.

Досега имаше неколку вакви дојави, но откако проверките беа завршени, за сите беше утврдено дека се лажни.

Министерот Спасовски деновиве рече дека се блиску до разрешување на еден од случаите. Се бара начин како да се надоместат часовите.