„Мистерија Буфо“ – последна премиера во Прилепскиот театар
Прилепскиот театар денеска ја игра последната премиера на претставите од годинашнава програма. Претставата „Мистерија Буфо“ е радосна театарска игра која ги отсликува проблемите на обичниот човек, актуелни до ден-денес...

Радосна театарска игра и отсликување на потребите и револтот на обичниот човек кој се буни и ја критикува состојбата во која се наоѓа, слични и во средновековието и денес. Ова е основната мисла на екипата на прилепскиот театар која премиерно ја игра последната претстава од годинашнава програма. „Мистерија Буфо“ е колективната игра на ансамблот, кој има големо искуство во тоа. Режисерскиот концепт создаде уживање во театарската игра и за публиката и за актерите.
Актерите на сцената ги создаваат и театарот и музиката. Првата соработка со режисерот сметаат дека постави одлични темели за добри претстави.
„Мистерија Буфо“ е третата, последна премиера од годинашнава програма на прилепскиот театар.
Елизабета Митреска
