Ракомет – Лига на шампиони

Барселона и Кире Лазаров на „фајнл – фор“ во Келн!

26.04.2014 22:46

Барса дома славеше со 31:24 со што ја анулираше негативата од седум разлика од првиот меч и поради повеќе постигнати голови на гости ќе се обиде да го надополни рекордот од осум елитни пехари...

Македонија ќе има претставник на завршниот турнир на ракометната Лига на шампионите затоа што во Келн ќе игра нашиот репрезентативен капитен Кире Лазаров и Барселона. Германците не можеше да ги посака и на два реванш читврфинални натпревара затоа што Рајн Некар е елиминиран на начин како што Флензбург беше вкупно поуспешен од Вардар. Барса дома славеше со 31:24 со што ја анулираше негативата од седум разлика од првиот меч и поради повеќе постигнати голови на гости ќе се обиде да го надополни рекордот од осум елитни пехари. Невообичанео Лазаров доби мала минутажа и постигна само два гола.

Првпат на фајнл – фор турнирот ќе игра и Веспрем којшто и во вториот дуел го совлада скапиот Пари Сен Жермен со 34:28, откако и во Париз славеше со 28:26.

Големата четворка со речиси стопроцентна сигурност ќе ја формира Кил затоа што тројниот европски првак од Скопје во Германија однесе големи 31:21 во пресметката со Металург којшто и втората успешна европска сезона ќе ја завши во четвртфиналето. Натпреварот ќе се одигра утре, додека извлекувањето за полуфиналните двојки ќе биде во вторник.

Петта сезона од како се игра завршен турнир домаќин е Келн, овојпат на 31 мај и на 1 јуни. Во претхоните четири изданија две титули освои Кил, еднаш континентален првак беше Барселона, додека лани шампионскиот трофеј му припадна на Хамбург којшто нема да ја брани европската круна затоа што во осминафиналето беше елиминиран од Вардар.