Почна откупот на тутунот
Почна откупот на тутунот од годинашнава реколта. Родот нешто помал, но квалитетен, со цени повисоки за 20 насто. За тутунарите на стартот е добра процената, ама цените не ги покриваат сите трошоци во кризата…

Почна да се мери на вага годинашниот труд на тутунарите. Вратите на пунктовите ги отворија четири компании. Тутунарите, на првиот ден, главно, задоволни од процената. Иако зголемени за 20 насто, цените за тутунарите остануваат недоволни да ги покријат трошоците.
Инспекторатот очекува стабилна откупна кампања. Договорени се над 25.000 тони, но реколтата ќе биде помала, иако над ланската. Осум од 10-те откупувачи ги исполниле критериумите.
Прилепскиот комбинат е подготвен да го преземе и веднаш да го плати родот.
Сојузот на земјоделски здруженија има повереници на сите ваги. Интересот на компаниите е голем, почнуваат во предвремениот рок зашто тутунот се бара.
Крајниот рок за почеток на откупот е 15-ти декември.
Елизабета Митреска
