Македонија

Клиничката болница „Жан Митрев“ ги демантира информациите за продажба на клиниката

16.11.2022 13:01

Оттаму укажуваат дека под никаков притисок Клиниката нема да биде ставена на продажба.

Клиничката болница „Жан Митрев“ целосно ги демантира информациите пласирани во медиумите за продажба на клиниката на извесен бизнисмен од Република Албанија. Оттаму укажуваат дека под никаков притисок Клиниката нема да биде ставена на продажба. 

Официјален и единствен сопственик е д-р Жан Митрев, кој и покрај обидите за дискредитација и црна кампања со цел да се наштети на клиничката болница Жан Митрев и стручниот тим од доктори и медицински лица во изминатиот период, ја води оваа болница и ќе продолжи да раководи со истата транспарентно и одговорно како што и било пракса во изминатите 22 години постоење на Клиничката болница „Жан Митрев“- стои во соопштението.