Воен конфликт

Продолжуваат руските напади во Украина

16.11.2022 14:25

Властите предупредија за можни вонредни прекини на струја по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Продолжуваат руските напади врз цели во Украина. Гувернерот на Миколаев соопшти дека во текот на ноќта собориле 12 проектили и девет дронови камикази.

Властите предупредија за можни вонредни прекини на струја по руските напади врз енергетската инфраструктура. Во меѓувреме, Русија ги повлече трупите и цивилната власт од градови на источниот брег на Дњепар, откако минатата недела се повлече од Херсон.