Притисокот од мигрантската криза сè уште е висок
Нелегалното пренесување на луѓе преку границите за криминалците е профитабилен бизнис, а притисокот од мигрантската криза и годинава е висок. Конференција за менаџирањето на ситуацијата и за зголемување на соработката. Договорот со ФРОНТЕКС помош и поголема безбедност…

Посветеност за подобрување на соработката во борбата со нелегалната миграција е главната точка во декларацијата, поддржана од сите земји во Западен Балкан на Министерската конференција во Скопје. Агенцијата на Обединетите нации даде поддршка за регионов, за безбедно, сигурно и непречено функционирање на институциите во борбата со нелегалната миграција.
Менаџирањето со миграцијата е комплексен безбедносен предизвик со кој подолг период се соочуваме како држава, но и како регион, став на министерот за внатрешни работи. Спасовски информира дека притисокот од нелегалната миграција и криминалното криумчарење останува висок.
Западен Балкан е еден од клучните транзитни региони преку кои мигрантите се обидуваат да стасаат до западна Европа. Во последниве шест години, регистрирани се 1,5 милиони мигранти.
Марија Котовска
