Предадена во употреба пречистителната станица на крзнарата од Велес

16.11.2022 17:30

Заокружена е постапката за заштита на водите од реката Вардар, Во функција пречистителната станица на велешката крзнара...

Велешката крзнара „Димко Митрев“ ја предаде за користење пречистителната станица за отпадните води, за чија реализација се потрошени 1,6 милиони евра. Со оваа втора фаза, заврши проектот за заштита на водите на реката Вардар, низводно од Велес.

Постапката за нејзина изградба е започната во 2008 година за добивање на „Б“ интегрирана еколошка дозвола.

Крзнарата „Димко Митрев постои 75 години, вработува 280 лица, изработува крзнени производи кои во 90 отсто завршуваат на скандинавските пазари и една од малкуте кразнарници кои останаа да работат во регионот.

Петар Печков