Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

17.11.2022 08:16

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне...

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно претпладне.

Ќе дува слаб до умерен, а во попладневните и ноќните часови на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и магливо. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд и ќе дува умерен јужен ветер. Максималната температурата ќе се искачи до 16-от степен.