Македонија

Ковачевски во Белград на Конференција за инвестиции во енергетика во Западен Балкан

17.11.2022 08:23

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска во Белград ќе учествуваат на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска во Белград ќе учествуваат на регионалната Конференција за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка.

Премиерот Ковачевски заедно со премиерите на Албанија Еди Рама, на Црна Гора Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Зоран Тегелтија, ќе ги пречекаат претседателот на Србија Александар Вучиќ и Андреас Б. Ериксен, заменик министер за енергетика и специјален пратеник на премиерот на Кралството Норвешка, во Палата Србија каде ќе се случува настанот.

Сите лидери од Западен Балкан е предвидено да учествуваат на официјалното отворање на конференцијата и на панел-дискусија посветена на можностите за инвестиции во земјите од Западен Балкан од страна на норвешки инвеститори.