Македонија

Конференција за реорганизација на три министерства

17.11.2022 08:44

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, денеска ќе биде одржана конференција за реорганизацијата на министерските системи за информатичко општество и администрација, економија и земјоделство, шумарство и водостопанство...

Во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, денеска ќе биде одржана конференција за реорганизацијата на министерските системи за информатичко општество и администрација, економија и земјоделство, шумарство и водостопанство.

На конференцијата, како што најавија од МИОА, ќе се обратат првиот вицепремиер Артан Груби, министрите за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, за економија Крешник Бектеши и за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир.