Македонија

Денеска и утре ќе се одбележува Светскиот ден на филозофијата

17.11.2022 08:48

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија информираат за денешното 19. одбележување на Светскиот ден на филозофијата...

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и Филозофското друштво на Македонија информираат за денешното 19. одбележување на Светскиот ден на филозофијата.

Откако последните две години, поради неповолните епидемиолошки околности, настанот се одвиваше во онлајн сферата, годинава чествувањето се враќа на класичниот формат, односно во Свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје. Светскиот ден на филозофијата е востановен од УНЕСКО во 2004 година и оттогаш секоја година пригодно се одбележува и во нашата земја.

Годинава по овој повод се предвидени дводневни активности (17-18 ноември, четврток/петок, од 10 ч.) – информираат од Филозофскиот факултет.