САД

Републиканците ја преземаат контролата над Претставничкиот дом

17.11.2022 10:03

Републиканците ја преземаат контролата над Претставничкиот дом. Во следните две години ќе имаат можност да управуваат со долниот дом на Американскиот конгрес...

Републиканците ја преземаат контролата над Претставничкиот дом. Во следните две години ќе имаат можност да управуваат со долниот дом на Американскиот конгрес.

Мнозинството во Сенатот или Горниот дом го обезбеди Демократската партија на претседателот Бајден.

Според првичните изборни резултати, републиканците освоиле 218 места во 435-члениот Претставнички дом. Конечните резултати треба да се објават по неколку недели.