Украина
Одеса нова цел на руските ракети
17.11.2022 10:04
Неколку украински региони се во состојба на готовност поради ракетни напади, а сирените за воздушен напад се огласија во Одеса...

Неколку украински региони се во состојба на готовност поради ракетни напади, а сирените за воздушен напад се огласија во Одеса, Полтава, Дњепропетровск, Суми и Николаевската област, како и делови од Кировоградската област. Руска ракета го погоди пристанишниот град Одеса.
Сирените се огласија и во Запорожје и Херсон, кои се под контрола на Киев. Украинскиот претседател Зеленски во Киев се сретна со директорот на Американската централна разузнавачка агенција Вилијам Барнс, кој е во Украина за да разговара за војна со Русија.
