Прилеп: Мирно и непречено се одвива изборниот процес на 142 гласачки места

27.04.2014 09:30

Сите 142 избирачки места во Прилеп точно во 7 часот се отворени и изборниот процес почна непречено, потврдуваат од општинската изборна комисија. За избор на претседател запишани се 64 567, а за пратеници 64 316 избирачи.

„Течат мирно и без проблеми. Голема е одговорноста на избирачките одбори бидејќи се двојни избори“, вели Елена Чагороска, претседател на општинската изборна комисија во Прилеп.

Избирачките одбори подготвени за одговорноста.

„Гласањето е почнато, пристигнаа првите гласачи“, вели Соња Кузманоска, претседател на избирачки одбор.

Граѓаните со свои очекувања.

„Да го остварив правото. Се надевам дека претседателот ќе ги штити интересите на нашата држава, а пратениците ќе го слушаат гласот на народот“, велат гласачите.

Точно навреме почна гласањето и во Кривогаштани, Долнени и Крушево. 

Елизабета Митреска