Техеран
Полицијата пукаше во луѓе и тепаше жени со палки
17.11.2022 10:08
Иранските безбедносни сили застрелаа луѓе на метростаница во Техеран и тепаа жени кои не носеа хиџаб....

Иранските безбедносни сили застрелаа луѓе на метростаница во Техеран и тепаа жени кои не носеа хиџаб.
Протестите во Иран почнаа кога 22-годишна Иранка, почина во затвор поради кршење на иранскиот строг кодекс за облекување за жените.
Состојбата се интензивира кога организаторите на протестот повикаа на тридневна акција за одбележување на „крвавиот ноември“ од 2019 година, кога стотици беа убиени за време на протестите против поскапувањата на горивото.
