Музичката платформа „Терапија“ номинирана за престижната „Амбасадор“ награда

17.11.2022 13:34

„Терапија“ е номинирана за награда во групата: „Регионален медиум на годината“, како платформа која дава простор за промоција на домашни, регионални и европски DJ артисти.

Македонската музичка патформа „Терапија“, која дава поддршка на електронската клупска сцена е номинирана за наградата „Амбасадор“, која се доделува во Хрватска, а се однесува и за регионалната електронска сцена.

„Терапија“ е номинирана за награда во групата: „Регионален медиум на годината“, како платформа која дава простор за промоција на домашни, регионални и европски DJ артисти.

Ова е прв пат, Македонија да влезе во потесен избор за оваа престижна награда, која овозможува соработка и поврзување на артистите од електронската клупска сцена, но и на целокупниот креативен сектор.

Наградата Амбасадор се доделува од 2016 година. Претставува платформа која ги истакнува најдобрите музички фестивали, клубови, уметници, музички платформи и слично.

Во изминатиот период, „Терапија“ се фокусираше и на организирање на перформанси на значајни спомен-обележја кои се дел од македонското културно наследство, но и јавни простори кои се важни за заедницата.