Се бара место повеќе во домовите за згрижување стари лица
Се зголемува потребата за згрижување на старите лица во домовите. Меѓу новите причини е што нивните потомци заминуваат во странство. Се наметнува потребата за поголеми капацитети. Прилепскиот е речиси исполнет. Во земјава се четири државни старски домови. Одбележана неделата за грижа на старите и изнемоштени лица...

72-годишната Благица Карапеевска и 91-годишната Вера Кочоска се меѓу 145-те штитеници во прилепскиот Дом за стари лица. Исто толку се и нивните единствени животни приказни. Тешко им беше со корона-кризата која, за среќа за никого од нив не беше фатална. Им се радуваат на дружењата ама и на сеќавањата.
Со 145 штитеници од целава земја, прилепскиот дом е полн и се бара место повеќе за нивно згрижување. Во последно време една од главните причини е и заминувањето на нивните потомци во странство. Се наметнува потребата од нови капацитети, а уловите ќе се осовременуваат со инсталирање фотоволтаици.
Во неделата на грижа за старите и изнемоштените лица, секоја помош и грижа се добредојдени. Прилепскиот е еден од четирите државни домови во земјава.
Елизабета Митреска
