Во Велес гласањето се одвива мирно

27.04.2014 09:39

Гласачите ревносно излегуваат на избори...

Точно во седум часот во Велес отворени се 84-те избирачки  места  на кои според едиствениот изборачки список за претседател на Република Македонија право на глас имаат 46.548 грагани, додека за избор на пратеници во македонското Собрание со право на глас се  46.444 граѓани.
 
„Процесот се одвива засега без проблеми, како и секогаш досега на ова избирачко место, гласачите ревносно излегуваат на избори“, рече Ристе Трајковски,  претседател на избирачко место.
 
Очекувањата на велешани скоро идентични.
 
„Подобра иднина-мислам за вработување...Пред се мир во државата“, велат случајно анкетирани граѓани.
 
Вчера правото на глас го остварија 546 болни лица, 93 лица кои издржуваат казна затвор  и едно внатрешно раселено лице.
 
Дијана Иванова