Протест

Студентите на марш за подобар стандард

17.11.2022 14:27

На нивниот меѓународен ден, студентите обединети, попладнево излегуваат на протестен марш, од Владата до Министерството за образование. Бараат издвојување на средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк, израмнување на сумата на стипендиите, подобри услови во студентските домови и нивно изземање од владините мерки штедење струја. ВМРО-ДПМНЕ бара зголемување на субвенционираниот оброк на 160 денари и негова исплата до крајот на учебната година...

На нивниот меѓународен ден, студентите обединети на протестен марш за подобар стандард. Бараат повеќе пари за субвенционираниот оброк, израмнување на сумата на стипендиите, подобри услови во студентските домови, изземање од владините мерки за штедење струја. ВМРО-ДПМНЕ со амандмани бара зголемување на субвенционираниот оброк на 160 денари и негова исплата до крајот на учебната година. За власта, паушалните решенија не се излез, туку се потребни системски промени за подобар студентски стандард.

Тоалетите, хигиената и условите во студентските домови – тема на состанокот меѓу клубот за младински прашања и политики со универзитетското студентско собрание. Се дефинира акциски план за подобрување на престојот во домовите.

Министерот Шаќири информира дека веќе имаат проект и во јануари ќе стартува реконструкцијата на Стив Наумов, а потоа и на другите студентски домови. Ќе се инвестираат 20 милиони евра.

Според договорот од последната средба, работни групи, во кои ќе учествуваат Универзитетските студентски собранија, ќе треба да креираат ново системско решение, најдоцна до 15-ти март идната година.

Анита Димитријевска Велковска