Сè повеќе предвремено родени бебиња успеваат да преживеат
Најмладото бебе на гинекологија се родило во 24-та недела. Грижата за нив, еден од предусловите за безгрижно детство. За среќа, сè повеќе предвремено родени бебиња успеваат да преживеат. Во периодот од 2016-та до 2022-ра, смртноста е намалена од 25 на 8,2 проценти…

Бојана е едно од многуте предвреме родени бебиња. Таа им се заблагодари на сите кои и помагале да ги надмине критичните моменти и да замине дома.
Најмалото бебе на Клиниката за гинекологија се родило во 24-та недела. Со поддршка на лекарите, за живот се борело со месеци. Лекарите велат, бебињата на ГАК остануваат и по три до четири месеци. Но, сè повеќе предвремено родени успеваат да преживеат.
Во изминативе години, смртноста на предвреме родените бебиња е намалена од 25% на 8,2% во 2022-ра.
Со програмата за специјализации на Министерство за здравство само за ова годинава предвидени се шест супспецијализации и три специјализации.
Наташа Јанчиќ Менковски
