Формирање регионален пазар и меѓусебна помош за надминување на енергетската криза
Енергетската криза ги седна лидерите од Западен Балкан на заедничка маса – клучот за преживување е во формирањето регионален пазар, инвестициите во обновливи извори и во зелена транзиција. Премиерот Ковачевски открива – блиску сме до договор со Србија за гасот …

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заклучок на Конференцијата за инвестирање во енергетиката на Западен Балкан, за формирање на Регионален пазар и меѓусебна помош во енергетиката за надминувањето на кризата, во што ќе добијат помош и од Норвешка и заедничка соработка и изградба на енергетски објекти.
Премиерот Ковачевски на прес конференцијата кажа дека фокус на владата е енергетската независност и ги повика норвешките и други инвеститори да инвестираат кај нас.
Тој посочи дека во мандатот на неговата влада се инсталирани 27 мегавати фотонапонски централи, а во фаза на преговори се инвестициите за капацитет од 1 гигават во проекти за изградба на фотонапонски и ветерни централи, и комбинирана гасна централа со инвеститори од Франција, Германија и Грција.
Ковачевски најави дека за две години ќе се пуштат во употреба 130 мегавати од фотонапонски електрани и привршување на договорот за изградба на Чебрен.
Како што кажа при крај се разговорите и анализите со претседателот Вучиќ за гасната централа ТЕТО и вишоците на гас од Србија, да направиме договор, и блиску сме до решение за ова.
И претседателот Вучиќ потврди дека ова е добро решение за соработка меѓу двете земји
Оливер Бранковиќ, дописник од Белград за МРТ
