САД

Пелоси се повлекува од лидерка на демократите во Претставничкиот дом на САД

17.11.2022 20:34

Веста доаѓа откако е потврдено дека Републиканците ја преземаат контролата врз Домот, по победата на изборите за Конгресот. Веста доаѓа откако е потврдено дека Републиканците ја преземаат контролата врз Домот, по победата на изборите за Конгресот...

Ненси Пелоси, која ги предводеше демократите во Претставничкиот дом на САД речиси две децении, објави дека се повлекува од функцијата.

Осумдесет и двегодишната Пелоси беше најмоќниот претставник на Демократската партија во американскиот Конгрес и прва жена на позицијата спикер на Претставничкиот дом. Таа ќе продолжи да ја претставува Калифорнија во Долниот дом на Конгресот, пишува „Би-Би-Си“.

Веста доаѓа откако е потврдено дека Републиканците ја преземаат контролата врз Домот, по победата на изборите за Конгресот.

„Дојде време нова генерација да го води демократскиот клуб“, рече Пелоси во говорот во Претставничкиот дом.

Пелоси рече дека ќе продолжи да „зборува за народот на Сан Франциско“ како нивна конгресменка, но нема да бара реизбор на лидерската функција.