Пријавување субвенции за жито
Сите земјоделци кои имаат еден или повеќе хектари површина со житни култури можат да аплицираат за дополнителна субвенција. Рокот за аплицирање ќе трае до 21 ноември годинава. Услов е, производството да го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети и да аплицираат...

Обезбедена е дополнителна мерка од 5.760 денари по хектар за производителите на житни култури кои имаат остварен род на еден или повеќе хектари со пченица, јачмен, ’рж, овес и сончоглед и кои ќе го предадат во домашните преработувачки или откупни капацитети.
Оваа дополнителната мерка од годинава е изменета. Наместо претходното ограничување на површините од 5 до 50 хектари, сега за да аплицираат земјоделците треба да имаат најмалку еден или повеќе хектари и да оствариле принос најмалку од 4.000 килограми по хектар за пченица, 3.000 за јачмен, ’рж и овес и 1.500 килограми за сончоглед.
Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, а во барањето треба да достават потврда за предаденото жито издадена од регистриран преработувачки капацитет.
Оние земјоделци кои не можат сами да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на Министерството за земјоделство.
Крајниот рок за поднесување на документите е до 21-ви ноември оваа година.
Методија Трајков
