Временска прогноза
Променливо облачно време, попладне дожд
18.11.2022 08:30
Денес претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла...

Денес претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот променливо облачно време со сончеви периоди, а попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец, кој на места долж Повардарието и во југозападните делови ќе засилува. Утринската температура ќе се движи во интервал од 4 до 10 степени, а дневната од 11 до 19 степени.
Во Скопје променливо облачно време, попладне и кон крајот денот со повремен дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура е 8 степени, а дневната до 16 степени.
