Собрание

Измените на Законот за медиуми пред матичната собраниска комисија

18.11.2022 08:39

Собраниската Комисија за транспорт и врски денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги...

Собраниската Комисија за транспорт и врски денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предлог законот се носи по скратена постапка, на предлог на пратениците Арбана Пашоли, Диме Велковски, Исмаил Јахоски, Коле Чаракчиев и Марија Георгиевска.

-Целта на законот е воведување на начин на изборот на емитување на кампањи од јавен интерес со

цел да се има поголема транспарентност при изборот како и почесто спроведување и емитување на истите со цел на поголемо подигнување на јавната свест. Со Предлог законот се допрецизираат и одредбите за реемитување на програмските сервиси кои се однесуваат за регулирање на авторските и сродни права на територија на Република Северна Македонија. Со предлог законот ќе се овозможи поголема правна сигурност во однос на кампањите од јавен интерес и нивното емитување, стои во Предлог законот, што денеска е на дневен ред и на собраниската Законодавно правна комисија.