Македонија

Продолжува комисиската расправа за улогата на АНБ и АР во случајот Онишченко

18.11.2022 09:16

Собраниската комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) ќе го одржи продолжението на седница за улогата на АНБ и АР во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко...

Собраниската комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање (АР) ќе го одржи продолжението на седница за улогата на АНБ и АР во безбедносната проверка на лицето Олександр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство, на која се очекува да присуствува директорот на АНБ Виктор Димовски.

Во средата седницата беше прекината, откако претседателот на Комисијата Љупчо Пренџов, информира дека добил известување од директорот на АНБ Димовски дека поради работни обврски во Брисел нема да може да присуствува.