Украина

Зеленски: Над 10 милиони граѓани се без струја

18.11.2022 10:08

„Над 10 милиони украинци се без струја“ – изјави украинскиот претседател Зеленски. Војската тврди дека енергетската инфраструктура е под постојани руски напади...

„Над 10 милиони украинци се без струја“ – изјави украинскиот претседател Зеленски. Војската тврди дека енергетската инфраструктура е под постојани руски напади. Киев и натаму меѓу најкритичните цели. Главниот град е веќе под снежна покривка така што службите се обидуваат да ја реактивираат енергетската мрежа. Слична состојба и во Херсон.

„Две недели немаме светло. ни се одмрзнаа фрижидерите. немаме што да јадеме, немаме пари, вода, греење. живееме во студ.“

„Русите одат наоколу и ги проверуваат луѓе, од куќа во куќа. не натераа да се евакуираме, да земеме руски пасоши. но издржавме и сега сме слободни. иако немаме ни вода ни струја, ја имаме реката Дњепар.“

Во меѓувреме, Меѓународната агенција за атомска енергија ја усвои третата резолуција за војната во Украина, повикувајќи ја Русија да ги прекине сите дејства во нуклеарните постројки, особено во Запорожје.